недела, 15 ноември 2026
Најново

СИ ГАЗИ: Mицкоски објави на Фејсбук дека во САД се сретнал со познати Албанци од Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во рамки на посетата на САД, со моите соработници остварив средба со семејството Руси – познато албанско семејство од Дебар, кое повеќе генерации живее и работи во САД. Тие се пример за успешни Албанци од Македонија кои не ја заборавиле својата татковина и сакаат да помогнат за нејзиниот напредок.

Разговаравме за можностите за зајакнување на врските помеѓу дијаспората и Македонија, како и за проекти кои ќе донесат придобивки за сите граѓани.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Верувам дека само заеднички, сите, без разлика на етничката припадност, можеме да работиме сложно за изградба на стабилна и просперитетна Македонија.

Потребни ни се сите кои можат да придонесат – и дома и од дијаспората, за да ја создадеме иднината што ја заслужуваме.

Поврзани вести