Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ја посети Русија од 7 до 10 мај на покана на рускиот претседател Владимир Путин и ќе учествува на свечени настани посветени на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, соопшти прес-службата на Кремљ.
„На покана на рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг ќе престојува во официјална посета на Руската Федерација од 7 до 10 мај и ќе учествува на свечените настани посветени на 80-годишнината од победата во Втората светска војна“, се вели во соопштението.
Исто така, се наведува дека на преговорите ќе се разговара за главните прашања за понатамошен развој на сеопфатните партнерски и стратешки односи за соработка, како и за актуелни меѓународни и регионални прашања. „Планирано е потпишување на голем број билатерални меѓувладини и меѓуресорски документи“, се додава во соопштението.