Скандалите во велосипедизмот продолжуваат и Басо се допингувал

Иван Басо, двократниот победник на ’Giro d`Italia’, признал дека и тој користел допинг на најпрестижната велосипедска трка во светот ’Tour de France’.

Употребата на недозволени средства Басо ја признал во судскиот спор кој се води против докторот Еуфемијан Фуентес, кој наводно на велосипедистите им нудел допинг. „Знаев дека тоа што го правам не е исправно, но сепак се согласив да соработувам со Фуентес. требаше да му уплатам 70 илјади евра за едногодишен третман, но јас уплатив само 15 илјади евра. Полициската акција ја запре целата работа“, рекол Басо. Италијанецот допингот го користел во 2005 година, кога трката ја заврши зад победникот Ленс Армстронг, а пред уште еден возач кој призна дека користел недозволени средства, Германецот Јан Улрих.
Mакфакс
Иван Басо, двократниот победник на ’Giro d`Italia’, признал дека и тој користел допинг на најпрестижната велоси

Пронајдете не на следниве мрежи: