Фондацијата основана од неодамна починатата француска дива Брижит Бардо предупреди против лажни понуди што го злоупотребуваат имиџот и делото на познатата актерка.
„ Фондацијата Брижит Бардо предупредува на ширењето на понуди на интернет и на социјалните мрежи за продажба на фотографии, монтажи поддржани од вештачка интелигенција и разни материјали што го репродуцираат ликот на Брижит Бардо, сама или со животни и/или во целосно измислени ситуации, со цел лажно собирање средства од овие нелегални продажби , привлекувајќи ја јавноста со тврдења дека 100 проценти од приходите ќе бидат наменети за нашата Фондација за продолжување на работата на Брижит Бардо“, се наведува во соопштението.
„Станува збор за груби монтажи, нелегални понуди и продажби, како и наводни акции за собирање средства кои никогаш не добиле никаква согласност од Фондацијата Брижит Бардо, која не може да ги поддржи овие измами“, напишаа тие и додадоа:
„Апелираме до сите да го почитуваат споменот на починатите и, пред сè, да внимаваат да не станат жртви на овие вулгарни и подли обиди за злоупотреба.“
„Ќе се покрене судска постапка против секое лице кое учествува во овие наводни и нелегални акции за собирање средства“, заклучија тие.
Ве потсетуваме дека Брижит Бардо почина минатата недела на 92-годишна возраст. Откако ја напушти глумата во педесеттите години, таа го посвети својот живот на грижата и заштитата на животните.
The post Скандал по смртта на Брижит Бардо: Нејзината фондација издаде итно соопштение appeared first on Во Центар.



