четврток, 12 ноември 2026
Најново

Скопје руши рекорди по загаденоста, нема ниту препораки од здравствените власти

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Скопје и утрово руши рекорди во поглед на загаденоста. Според податоците на IQAir, Скопје утрово е втор најзагаден град во Европа со индекс на загаденост од 172. Пред него е само Сараево од европските градови.
Скопје веќе со денови е еден од најзагадените градови во Европа, а маглата дополнително прави проблеми.
Засега, нема никаква акција од страна на надлежните институции освен ветувања. Единствено вчера Министерството за животна средина објави дека ставиле во функција нова веб страница за квалитетот на воздух.
Нема ниту препораки од здравствените власти за ризичните групи на граѓани.

Поврзани вести