Скопје фаворит за домаќин на Ф4 турнирот во АБА лигата

 Генералниот менаџер на АБА лигата, Роман Лисац во Скопје преговара околу условите македонската престолнина да биде домаќин на завршниот турнир во регионалната лига, објави весникот Вечерње новости на својата интернет страница.Завршниот турнир на кој ќе играат најдобрите четири екипи од регуларниот дел во сезоната, треба да се одржи од 25 до 27 април.Инаку, покрај Скопје во трка за добивање на организацијата се наоѓа и Белград, додека Лакташи, Крагуевац и Ниш отпаднаа од трката.Со оглед на тоа што најверојатно три тима од Србија ќе играат на завршниот турнир, логично беше Белград да биде домаќин, но градоначалникот Ѓилас на Лисац му соопштил дека во градскиот буџет не биле предвидени средства за организација на турнирот.Покрај тоа во Белград не ја сакаат организацијата поради неодамнешните инциденти кои се случија во Крагуевац, на завршниот турнир во Купот на Србија.Дополнителен проблем е што на 28 април во Комбанк арената концерт треба да одржи групата Рамштајн, што значи дека арената е закупена за 27 и 28 април.До овој момент пласман на завршниот турнир во АБА лигата изборија Игокеа и Црвена звезда, додека за преостанатите две места конкурираат Раднички, Будуќност и Партизан.
Макфакс Генералниот менаџер на АБА лигата, Роман Лисац во Скопје преговара околу условите македонската престолнина

Пронајдете не на следниве мрежи: