Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.
На 14 октомври, осомничениот тешко телесно ја повредил и го нарушил здравјето на неговата бремена сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот.
- Најстудено во Маврови Анови со измерени -3 степени, а најмногу снег на Попова Шапка
- Најдолгите и најздравите бракови ги применуваат овие шест работи
- Украинците страшно ја нападнаа Русија! Изгоре руски магацин со муниција и дронови! Нептун уништи сè пред себе! (ВИДЕО)
- Нападите на ДУИ кон СДСМ се за прикривање на нивните договори со ДПМНЕ
- Во 2025 година овој хороскопски знак ќе помине низ најлошото од сè: Каде и да се сврти, ќе го следат тешкотии и непријатни ситуации (фото)
- ,,Ангелите излегуваат кога надвор е пекол!” Го расплакаа цел свет со хуманите постапки! Жителите на Лос Анџелес спасуваат животни од пожарот – сцени за плачење! (ФОТО)
- Автомобил се судри со камион на патот Куманово-Свети Николе-Овче Поле
- Apple и Google казнети за една масовно користена апликација: Размислете двапати пред да ја инсталирате а тука е проблемот
- Нови проблеми за Србија, Азербејџан ја прекинува доставата на гас – Вучиќ не сака да воведе санкции за Русија
Додека заедно со оштетената и нивното 2-годишно дете се движеле со автомобил, осомничениот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал сопругата која седела на совозачко седиште.
Оштетената излегла од автомобилот и се обидела да побара помош, но осомничениот тргнал по неа и продолжил да ја влече и удира. На тој начин и нанел тешки телесни повреди, загрозувајќи го и плодот. При дополнителен преглед било констатирано дека плодот починал.
Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото.
До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и оштетената и да го повтори делото.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.