четврток, 12 ноември 2026
Најново

Славески е назначен за нов гувернер на Народната банка на Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доцна синоќа, Трајко Славески беше назначен за нов гувернер на Народната банка. Во Собранието, 68 пратеници гласаа „за“, а 16 беа против. Во рамките на општата дебата и низата реплики и контрареплики, пратениците изразија различни ставови, при што пратениците од владејачкото мнозинство се фокусираа на неговата стручност и компетентност, додека оние од опозицијата се фокусираа на политичката припадност и визијата на Славески за независноста на институцијата.Според биографијата презентирана во предлогот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, Трајко Славески е роден во Охрид во 1960 година. Тој е редовен професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопјe. Студирал на истиот универзитет и завршил постдипломски студии во САД (Калифорниски државен универзитет 1986/87 и Харвардски универзитет 1989/90). Во 1997 година, поминал шест месеци на Државниот универзитет во Аризона во Темпе, Аризона, САД, како гостин-професор.Славески е коавтор на првата Антиинфлаторна програма, важен документ за време на монетарното осамостојување на Република Македонија во април 1992 година во борбата против тогашната хиперинфлација и воведувањето на националната валута – денарот.Во минатото, Славески ги извршуваше функциите министер за развој (1999-2000) и министер за финансии (2006-2009) во Владата на Република Македонија. За време на неговиот мандат како министер за финансии во Владата на Република Македонија, тој ги извршуваше функциите гувернер во Светската банка и гувернер во Европската банка за обнова и развој.

Поврзани вести