Славески не планира да поднесе оставка

Гувернерот Трајко Славески не чувствува одговорност за тоа што доцни изборот на двајца вицегувернери. Вели дека нема да поднесе оставка и дека очекува Парламентот во следните денови или кон почетокот на април да расправа за кандидатите за нови вицегувернери.
Според Славески, Советот на Народната банка има легитимитет иако во него членствуваат вицегувернери чиј мандат е истечен затоа што согласно законот, постојните вицегувернери ги имаат сите овластувања до назначувањето на нови.
– Прочитајте го став 3 од член 55 од Законот за Народна банка каде стои дека се до изборот на нови вицегувернери, постојните ги имаат сите овластувања. Ова прашање е апсолвирано, рече Славески.
Прашањето го отвори вчера опозициската СДСМ која на прес-конференција соопшти дека мандатите на две вицегувернерки истекле уште лани, а постапката за нивен избор сѐ уште не е завршена по што реагираше централната банка со образложение дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршување на јавниот повик и во согласност со законските процедури.

Пронајдете не на следниве мрежи: