Граѓаните од Балканот се во паника откако преку Системот за брзо предупредување за храна на ЕУ добиле информација дека на пазарите се продава сладолед со поголемо количество адитив етилен-оксид од дозволеното. Станува збор за производите под називот M&M, Snickers и Twix кој се увезени од земјите на ЕУ. И Македонија го вклучи алармот со оглед на фактот дека овие производи се продаваат и на нашиот пазар. Од Агенција за храна и ветеринарство нè информираа дека во вторникот попладне добиле нотификација на ЕУ и оти контролите се веќе во тек. – Инспекциските служби на АХВ вршат контрола кај двајца оператори увозници, информираат за весникот ВЕЧЕР од Агенцијата. Оттаму додаваат дека по спроведените контроли, ќе бидат утврдени количествата и видовите увезени производи и ќе се дефинираат насоките за понатамошно дејствување
Граѓаните од регионот се во паника откако во јавноста протече информацијата дека во Србија од продажба е повлечен сладолед кој содржи поголемо количество на адитивот етилен-оксид. Во Хрватска и во Босна и Херцеговина каде што се продава овој производ, граѓаните кој го консумирале се во страв од тоа какви реакции може да очекуваат. Освен сладоледот повлечени се уште неколку производи за кои постои сомнеж дека ја содржат оваа хемиска супстанција. Станува збор за производите под називот M&M, Snickers и Twix, кој се увезени од земјите на Европската Унија.
Оваа информација го вклучи алармот и кај нас, со оглед на фактот дека овие производи се продаваат и на нашиот пазар. Од нашата Агенција за храна и ветеринарство нè информираа дека во вторникот попладне добиле нотификација од Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на ЕУ и оти контролите се веќе во тек.
-Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на ЕУ, Агенцијата за храна и ветеринарство во вторникот попладне доби нотификација (број 2021.3720) за увезени небезбедни кондиторски производи, кои во својот состав содржат адитив со наод на етилен оксид. Станува збор за адитивот locust bean gum. Согласно со воспоставената процедура за постапување по добиената нотификација, инспекциските служби на АХВ вршат контрола кај двајца оператори увозници.
Оттаму додаваат дека по спроведените инспекциски контроли ќе бидат утврдени количества и видовите увезени производи и ќе се дефинираат насоките за понатамошно дејствување.
Според информациите на Управата за ветеринарство на Србија, која исто така била информирана преку RASFF-системот сладоледот бил увезен од Франција и содржел стабилизатор – етилен оксид над дозволените граници.
И во Хрватска од продажба се повлечени четири вида на сладоледи во различни пакувања поради утврдениот пестицид етилен-оксид во адитивот кој се користи во процесот на производство на сладоледите. Добавувачот „Марс Хрватска ДОО„ од продажба ги повлече сладоледите „сникерс“, „твикс“, „баунти“ и „M&M“.
Овие производи имаат различен датум за истекот на рокот на употреба и различни сериски броеви кои не се во согласност со прописите на Европска Унија за максимално ниво на остатоци од пестициди во храната за човечка употреба. Бројот на лотот на адитивот кој е вграден во сладоледот е 0013925497.
Проблемот прва го детектирала Шпанија, а земјите во регионот биле известени преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската Унија.
Експертите тврдат дека консумирање на адитивот етилен-оксид во минимални количества не би требало да влијаат на здравјето на луѓето, но оти треба навреме да се повлечат од продажба.