Слатко задоволство: Кремпита во чаша

Летото сериозно се доближува, па мора навреме да се подготвиме за лесна, вкусна и несекојдневна храна.
Викендот е пред вас, обидете се да ги израдувате вашите најмили со овој едноставен, брз и многу вкусен десерт.
Состојки:
– 1 паковка свежо развлечено лиснато тесто
– 1 пудинг (специјален за кремпита);
– 130 гр. шеќер;
– 500 мл. вода;
– 3 белки од јајце;
– 4,5 јагоди;
– 150 мл. блага хопла за шлаг;
– малку шеќер во прав за посип.


Подготовка:
Лиснатото тесто испечете го во загреана рерна на 200 степени, 10-на минути. Извадете го и ставете го настрана да се излади.
Во меѓувреме, направете го пудингот според упатството на паковката.
Додека кремот се лади, измиксајте ја хоплата за шлаг и изрендајте неколку јагоди. Подгответе ги чашите во кои сакате да ги сервирате кремпитите.
На дното на чашите искршете еден ред лиснато тесто, па ред крем, ред јагоди, потоа еден ред лиснато, ред крем и на крајот ред лиснато кое ќе го посипете со шеќер во прав.
Послужете го изладено и уживајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.