Следната недела треба да се знае дали Охридскиот Регион ќе го задржи статусот на УНЕСКО

Министерот за транспорт Александар Николовски е оптимист дека Охридскиот Регион ќе успее да го зачува статусот на светско природно и културно наследство по заштита на УНЕСКО и оти нема да се најде на листата на загрозени подрачја.

Тој посочи дека веќе следната недела во Јужна Кореја ќе почне генералното собрание на организацијата во рамките на Обединетите нации, по што, според вицепремиерот и ресорен министер, работите ќе бидат појасни.

-Во однос на најкритичната точка дали ќе оди Охридскиот Регион како загрозено подрачје не сакам прерано да давам изјави, но мислам дека ќе успееме да го избегнеме тоа – изјави Николоски.

Во тој контекст, тој го спомена и автопатот Требеништа-Ќафасан за кој УНЕСКО имаше резерви дали треба да се гради.

Според него, сега по посетата на мисијата повеќе не е прашање дали ќе се гради, туку останува само да се одбере трасата.

Пронајдете не на следниве мрежи: