Слип фустаните сè уште се наоѓаат на врвот на модната листа: Познатата актерка покажува како да ги носите и во текот на зимата

Слип фустанот е парче за секоја пригода и може да се носи во текот на целата година.
Ако мислевте дека слип фустаните се резервирани само за летните месеци, се лажете. Со малку имагинација и добро стилизирање, овие фустани можат да бидат дел и од зимската гардероба.
Тие станаа популарни уште пред 2 години и оттогаш им се омилени на многу жени. Во зависност од аксесоарите и чевлите, лесно се прилагодуваат речиси за сите прилики – можат да бидат дел од полежерниот стајлинг, но може да се носат и во посвечени пригоди.


Прекрасната Џесика Алба неодамна нѝ даде идеја како да го носиме овој фустан во текот на зимата, без грешка.
Алба врз фустанот облекла џемпер, а што се однесува до обувките, нејзиниот избор биле бајкерски чизми во многу популарната кафеава боја.


Сосема едноставен, а воедно и стајлинг во кој со сигурност ќе бидете забележани.
Дали имате ваков фустан во вашиот гардеробер?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.