Словенија во среда добива нова влада

Словенечкиот парламент во среда ќе гласа за новата влада, и се очекува Аленка Братушек, која парламентот на 27-ми февруари ја именуваше за мандатарка, да ја добие потребната поддршка од повеќе од половина на пратениците и веднаш да ја положи свечената обврска.До крајот на седмицата би требало да се изврши и примопредавањето на должностите со досегашната влада на поранешниот премиер Јанез Јанша. Неговата влада заминува по малку повеќе од една година по добивањето на мандатот поради распаѓањето на петпартиската коалиција на десниот центар што следеше по објавувањето на извештајот на антикорупциската комисија на Словенија на почетокот од јануари, според кој Јанша систематски го кршел законот кој на јавните службеници им наложува да ги пријавата нивните вистински имотни состојби.Во новата влада на Аленка Братушек, којашто ја предводи партијата Позитивна Словенија (PS) и во чија коалиција влегуваат уште три партии, Граѓанската листа (GS), Социјалните демократи (SD) и Демократската партија на пензионерите (DESUS), ќе има 13 министри кои во понеделникот и вторникот беа претставени пред соодветните парламентарни комисии.Се очекува Братушек во среда подетално да зборува и за програмата на идната влада. Таа минатата седмица, по потпишувањето на коалицискиот договор на четирите партии, нагласи дека со новата влада завршува повеќемесечната политичка криза што ја зафати Словенија.
МакфаксСловенечкиот парламент во среда ќе гласа за новата влада, и се очекува Аленка Братушек, која парламентот на 27-м

Пронајдете не на следниве мрежи: