Словенија стравува од поплави и одрони по обилните врнежи

Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради што словенечката агенција за животна средина издаде портокалово временско предупредување за западните и централните делови на земјата.

Реките на запад и северозапад веќе надојтуваат, а повеќето денеска ќе достигнат високи протоци. Агенцијата предупредува дека обилните врнежи можат да предизвикаат поплави и лизгање на земјиштето.

Ризикот од лизгање на земјиштето се однесува на целата земја Словенија и ќе се зголемува со количината на врнежи, најавуваат експерти од Геолошкиот завод на Словенија.

Пронајдете не на следниве мрежи: