СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ КОНФЛИКТ? ПЕНДАРОВСКИ НЕ ЗЕЛ ПЛАТА

„Во врска со прашањата од медиумите упатени до нашата институција, потврдуваме дека платата за месец јануари 2023 година не е исплатена за вработените во Кабинетот и за претседателот на Република Северна Македонија.”- известуваат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ КОНФЛИКТ? ПЕНДАРОВСКИ НЕ ЗЕЛ ПЛАТА

Од таму велат дека образложението кое го добиле од Министерството за финансии, е дека во Буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот. Ваквата аргументација, Кабинетот ја смета за неоснована.

„Кабинетот на претседателот во согласност со потпишаниот Колективен договор со Синдикатот на вработените, предвиде покачување од 5% на плата само за државните службеници кои се вработени во Кабинетот на претседателот. Ова покачување не се однесува за претседателот, именуваните лица и посебните советници во Кабинетот. Средствата за Буџетот во 2023 година се обезбедени преку сопствени заштеди во буџетот на нашата институција и за ова не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии.”-додаваат во соопштението.

„Барањето за финансиски средства за плата за месец јануари 2023 година, кое Кабинетот на претседателот го достави до Министерството за финансии е изработено во согласност со Законот, во рамки на одобрените средства во Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, буџетскиот корисник – Претседател и во согласност со Колективниот договор за вработените при Претседател на Република Северна Македонија.”- велат од Кабинетот на Претседателот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.