четврток, 12 ноември 2026
Најново

Смртоносна ракета ја покоси Руската пешадија. Бегаа панично, но не можеа да се спасат (видео)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како руските војници панично бегаат откако беа погодени од украинска противтенковска наведувана ракета.

На социјалните мрежи се појави страшно видео кое за нешто повеќе од 24 часа го погледнале повеќе од милион луѓе.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Војната во Украина ПУЛС24 ја следи секојдневно
За вас на оваа тема имаме 1000 текстови ТУКА!
Смртоносна ракета ја покоси Руската пешадија. Бегаа панично, но не можеа да се спасат (видео)

На него се гледаат руски војници како панично бегаат поради украинската противтенковска наведувана ракета, попозната како „Skiff“ или „Stugna P“, пишува „Newsweek“.

Според експертите, овој проектил е дизајниран да уништува оклопни возила и хеликоптери, а корисникот на Редит кој прв го објавил ова видео изјавил дека се работи за таканаречен „зрак на смртта“.

Видеото е на твитер но можете да го гледате кај нас со само еден клик врз него ⬇⬇

https://twitter.com/bayraktar_1love/status/1620074539890909192

Овој проектил се движи со брзина од 200 метри во секунда и неговиот максимален домет е околу пет километри. Експертот за воена технологија Дејвид Хемблинг наведува дека на видеото се гледа експлозивно формиран проектил кој е препознатлив по чадната трага што ја остава зад себе. Според него, трагата од чад води подалеку од експлозијата и тоа сугерира дека се работи за боева глава „Стугна“.

„Сум видел слични траги од чад оставени од HEAT боеви глави. Stugna P е релативно евтин систем кој, за разлика од противтенковските проектили Javelin, украинските сили можат да го користат против групи пешадија. Постои специфична противпешадиска муниција за Stugna со подобри перформанси, можеби недостапни, па го користат она што го имаат при рака“, изјави Дејвид Хемблинг.

Поврзани вести