Смути со аронија и ѓумбир

1 рака аронија
1 банана
парченце свеж ѓумбир
10 тина лешници
2 лажици мед
неколку листа нане
200 мл вода

Ова е освежително и хранливо смути со прекрасна боја, која веќе знаете ми е омилена. Во рецептите за смути секој пат се воодушевувам на брзината и прецизноста на Нутрибулетот.
Ако немате Нутрибулет подгответе си го во вашиот блендер.
Подготовка
Сите состојки ставете ги во чашката од блендерот и блендирајте до густа и совршено мелена смеса.
Парченцето ѓумбир треба да е околу 1х1 см или по вкус.
Уживајте во вкусот!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.