Сникерс штангли

700 г бисквити
300 млако млеко
300 г шеќер
300 г сечкани лешници
200 г лешник карамели
250 г маргарин
300 г чоколадо
3 лажици масло
Во млекото додадете ги шеќерот, карамелите, маргаринот и 100 г чоколадо, и мешајте додека се растопат. Потоа додадете ги искршените бисквити и 200 г лешници, и мешајте додека се соедини смесата.
Нанесете ја во тава прекриена со хартија, израмнете и изладете.
Преостанатото чоколадо искршено на парчиња растопете го со маслото. Нанесете го на изладената смеса и наросете ги преостанатите лешници. Откако чоколадото ќе се стегне исечете на штангли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.