СНС почна со собирање потписи за смена на војводинската влада

Српската владејачка Српска напредна партија (СНС), најголемата партија во владејачката коалиција во земјата, почна со собирање потписи од граѓаните на автономната покраина Војводина за смена на покраинската влада, распишување на предвремени избори и повлекување на Декларацијата за заштита на уставните права Војводина што ја предложи покраинскиот премиер Бојан Пајтиќ, објавија во понеделникот тамошните медиуми.

 „Сигурно е дека секоја петиција со којашто ќе се соберат голем број потписи од граѓаните повлекува правни и политички последици”, рекла членка претседателството СНС, Маја Ѓоковиќ за медиумите, додавајќи дека би „сакала да види на кој начин врвот на Демократската партија (ДС) во Војводина ќе игнорира толку голем број потписи”.
Потпишувањето на петицијата почна пред два дена по протестите кои пред зградата на војводинската влада во Нов Сад, го организираа српските партии и национални здруженија, обвинувајќи ја покраинската влада на Војводина дека сака да ја отцепи покраината од Србија.
Војводинската влада ја предводи Демократската партија на поранешниот српски претседател Борис Тадиќ, којашто од неодамна ја води белградскиот градоначалник Драган Ѓилас и која на државно ниво е опозиција на владејачката коалиција којашто покрај Српската напредна партија ја сочинуваат и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на премиерот Ивица Дачиќ, и Обединете региони на Србија (УРС) на Млаѓан Динкиќ.
Војводинскиот премиер и потпретседател на ДС, Бојан Пајтиќ го отфрли обвинувањата за сепаратизам и во изјава за Б92 во неделата најави дека е подготвен да ја исфрли реченицата од Декларацијата во која се наведува дека „автономијата на Војводина е право на нејзините граѓани и дека со нивна волја е во составот на Србија”.
„Таа реченица може веднаш да биде исфрлена. Преземам јавна обврска дела тоа ќе го исфрлиме, таа не е важна”, рече претседателот на војводинската влада и потсети дека граѓаните на Војводина уште во 1918 година се одлучиле да бидат дел од Србија.
„Се подигна фама околу Декларацијата за заштита на уставните и законски права на Автономната покраина Војводина, а во неа нема ниеден единствен збор, ниту реченица којашто би го оспорувала суверенитетот на Србија”, нагласи војводинскиот премиер Бојан Пајтиќ во емисијата „Впечаток на неделата” на телевизијата Б92.
Повод за нападите врз владата на Војводина беше и најавата дека Собранието на Војводина ќе ја усвои Декларација за заштита на уставните и законски права на Автономната покраина Војводина.
Иако таа повикува на почитување на Уставот на Србија и на стекнатите надлежности и овластувања на покраината Војводина, српските националистички движења и белградските партии, во прв ред владејачката СНС, ја обвинуваат војводинската влада за сепаратизам.
Всушност тензиите меѓу централната српска државна власт и покраинските војводински власти започнаа откако пред нецела годинана откако по општите избори власта од Демократската партија ја презема коалицијата што ја води Српската напредна партија.
За разлика од централната власт, ДС не ја изгуби власта во Војводина, каде што има стабилно мнозинство во покраинскиот парламент во однос на блокот српски партии, кои се во опозиција. Властите во Белград, меѓутоа, според војводинскиот премиер Пајтиќ, со различни мерки, акции и постапки – како што се доделување на покраинската сопственост на локалните самоуправи, масовните смени на водечките луѓе и членови на управните одбори во важните државни тела и институции, непочитувањето на мислењето на покраинските тела, кинењето на парите од државниот буџет – го поттикнале формулирањето на Декларацијата за заштита на уставните и законски права на Автономната покраина Војводина.
Српската владејачка Српска напредна партија (СНС), најголемата партија во владејачката коалиција во земјата, почна со

Пронајдете не на следниве мрежи: