Перл Тејлор стана сензација на ТикТок откако нејзината внука Тејлор Бернал започнала да ги снима нејзините мудрости. Во едно од последните видеа таа ја открива тајната за долг и здрав живот.
„Сакај. Навистина се сакам себеси. Мислам дека повеќето луѓе имаат проблем бидејќи не мислат на себе. Прво треба да мислите на себе“, вели бабата на снимката.
Перл верува дека клучот е да се задржи позитивниот начин на размислување, дури и кога работите ќе тргнат наопаку. Таа вели дека е важно што помалку да размислуваме за проблемите и да побараме помош кога нѝ е потребна.
Во друго видео, бабата открива дека главната причина што има беспрекорна кожа е здравата исхрана.
„Правам зелен сок од алое вера, целер, кељ, ѓумбир, магдонос, вода и засладувач“, сподели таа со корисниците на ТикТок.
Исхраната на оваа 102-годишна жена главно се базира на овошје и зеленчук. Нејзината омилена храна се палачинки од киноа, ленено семе и ориз во прав и сечкана папаја и банана. Сака и ориз и грав, а месо јаде повремено.
Друга работа за која верува дека придонела за нејзината долговечност е консумирањето многу течности. Перл пие многу минерална вода и една шолја кафе без кофеин во текот на денот. Иако е строга за тоа што внесува во своето тело, таа си дозволува да се опушти пиејќи чаша црвено вино двапати неделно.
„Виното помага во манифестирање на среќата“, се пошегувала бабата, додавајќи дека е и физички активна. Таа секојдневно се движи и прави едноставни вежби. Медитира и прави вежби за длабоко дишење, а се релаксира и со долги пенливи купки.