Совети за возачите во Гостивар






Денеска (3 март) во централното подрачје на Гостивар се реализираа повеќе превентивно-едукативни активности за поголема безбедност на возачите и на сопатниците во возилата. На возачите им беа поделени летоци, маици и освежувачи за возила со совети и пораки – секогаш и секаде да користат сигурносни појаси, без разлика дали се движат по градските улици или на автопат, на кратки или на подолги релации.

„Полициските службеници на СВР Тетово-Отсек за превенција и од гостиварското Одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар споделија со возачите и бројни практични информации и искуства за тоа колку е значајно користењето на сигурносните појаси, особено во ризични ситуации или при евентуални сообраќајни несреќи на патиштата, а поблиску ги запознаа и со законските импликации ако појасите не се користат. Возачите, исто така, добија и практични совети за неопходноста од употребата на ваквите појаси и од оние кои се на задните седишта во возилата.“, извести полицијата.

Aктивностите се поддржани од МВР, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: