четврток, 12 ноември 2026
Најново

Советот на јавни обвинители ќе назначи в.д. на местото на Коцевски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Советот на јавни обвинители денеска на седница треба да определи вршител на должноста јавен обвинител откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски си поднесе неотповиклива оставка.

Вршителот на должност се назначува согласно член 25, став 3 од Законот за јавно обвинителство.
Седницата е закажана во 11 часот.
Државниот јавен обвинител Коцевски поднесе неотповиклива оставка пред два дена, а ја обзнани на прес-конференција непосредно пред почетокот на собраниската седница на која на предлог на Владата требаше да се расправа за неговото разрешување.
Коцевски рече дека власта прави преседан кој ќе има далекусежни последици и уште еднаш повтори дека одлуката за негово разрешување е чисто политичка.
– Од почетокот тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука, затоа денеска поднесов неотповиклива оставка, рече Коцевски на прес-конференцијата.
Владата пак го правдаше предлогот за разрешување на Коцевски со образложение дека тој направил крупни професионални грешки и го нарушил угледот на институцијата.

Поврзани вести