Совршена комбинација на кокос и бела чоколада

Се подготвува релативно брзо, а има прекрасен вкус. Лесна, пенлива и вкусна торта за љубителите на кокос.
Состојки:
За листот
6 јајца
120 гр. шеќер
1 ванилин шеќер
150 гр. мелени бадеми
150 гр. белa чоколадa
80 гр. брашно
½ кесичкa прашок за пециво
30 мл. ладна вода
За филот
500 мл. млеко
4 лажици брашно
1 ванилин шеќер
100 гр. кокосово брашно
180 гр. путер
Декорација
Кокосово брашно
Овошје


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната нa 180 степени. Белките со половина шеќер (60 гр.) изматете ги за да добиете смеса како снег. Жолтките, останатиот шеќер и ванилиниот шеќер изматете ги и додајте мелени бадеми, растопена чоколада и вода. Додајте брашно и прашок за пециво.
На крајот измешајте со смесата од белките. Смесата истурете ја во тава и печете околу 40 минути. Изладете го листот и пресечете го на три дела.
Фил:
Промешајте го брашното со 1 децилитар млеко и внимавајте да не останат грутки. Остатокот од млекото варете го со шеќер, ванилин шеќер и кокос, со повремено мешање. Кога ќе зоврие, додајте го кокосовото брашно. Гответе додека да се згусне. Филот оставете го да се олади. Изматете го путерот и измешајте го со изладениот фил.
Намачкајте ја целата торта со филот. Украсете ја тортата со кокосово брашно и овошје по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.