Совршени ражничи: Одличен спој од зеленчук и месо

СОСОТОЈКИ:
1 црвена пиперка
1 жолта пиперка
1 модар патлиџан
1 главица кромид
2 колбаси
1 компир
маслиново масло
сол
биебр
италијанска мешавина од зачини
100 мл бујон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечкајте го зеленчукот на коцки или сличен облик. Ставете на стапчиња за ражничи, а остатокот ставете го во намастен плех. Додајте преку ражничите, посолете,побиберете и додајте мешавина од италијански зачини. Преку ставете бујон или вино.
Печете на 180 степени 60 минути поклопено и уште 15 минути отклопено. Изблендирајте ги остатоците од плехот и прелјте преку ражничите.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.