СОВРШЕНСТВО НА ВКУСОВИ: Песто од лимон е највкусен сос за шпагети

Дали сакате да јадете тестенини со кои песто би одело многу добро, а немате свежи билки дома? Нема проблем! Секако, ако имате лимони. Пестото од лимон е крал на летото поради неговиот освежителен вкус, на кој лесно се навикнува. Свежината, сласта дадена од мешавина од маслиново масло, ореви и сирење, како и зачинетоста на топли зачини е идеална не само со тестенини, туку и со леб или месо.
Состојки за песто од лимон:
1/2 чаша ореви
1 лимон
1/4 чаша пармезан
1 чешне лук
1/2 лажиче шеќер
1/4 лажиче сол
чили во прав
1/4 чаша маслиново масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ги оревите на хартија за печење и печете околу осум минути, повремено тресејќи го плехот. Кога ќе завршат извадете ги да се оладат.
Исечете го лимонот на четвртини. Земете три парчиња лимон и исчистете ги од семиња, а потоа измиксирајте ги лесно, така што ќе бидат ситно исецкани, но не и пире. Заштедете четвртина од лимон.
Лесно измешајте ги оревите со пармезан, лук, шеќер, сол и чили во прав, постепено додавајќи масло. Бидете внимателни да не го претворите во паста за да оставите некоја структура. Послужете со тестенини или гарнир по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.