Совршен за врелите летни денови: Ориентален сладолед од диња чиј вкус ќе ве воодушеви

Оваа комбинација од состојки ветува авантура на вкусови…
Потребни состојки:
– 300 мл. слатка павлака
– 200 гр. шеќер
– 1 зрела диња
– сок од 1 лимон
– мелени ф’стаци, бадеми и лешници


Начин на припрема:
1. Во сад измешајте ги слатката павлака и шеќерот. Ставете го садот на оган и мешајте додека шеќерот целосно не се стопи и смесата се соедини, а потоа тргнете го од оган.
2. Отстранете ја кората од дињата и исчистете ја од семки, а потоа исечкајте ја на ситни парчиња. Изблендирајте ја дињата заедно со сокот од лимон. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
3. Додадете ја смесата од слатка павлака и шеќер и матете уште некоја минута.
4. Истурете ја смесата во сад и оставете ја во замрзнувач да се стегне. Повремено може да ја промешувате за да не се создадат кристали од мразот.
5. Кога сладоледот ќе биде готов, во текот на послужувањето извалкајте ја топката сладолед во мелени јаткасти плодови или едноставно наросете ги одозгора.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.