Сода бикарбона и прашок за пециво не се исти: Која е главната разлика и кога се користат?

Многу луѓе мислат дека прашокот за пециво и сода бикарбоната се иста работа, па затоа често ги користат за исти цели во кујната или домаќинството. 

Сепак, треба да знаете дека овие две работи се различни, пред сè, во однос на хемискиот состав и дека е невозможно да се замени едната со другата.

Сода бикарбона често се користи за чистење, но и за готвење. Ова е основен минерал кој во комбинација со нешто кисело создава јаглерод диоксид и често се наоѓа во рецептите кои вклучуваат кисели состојки како оцет или сок од лимон, пишува The Sun.

Од друга страна, прашокот за пециво е комбинација на сода и винска киселина, а за нејзино активирање е потребна само течност. Сепак, не е потребно да се меша со т.н. кисела храна бидејќи веќе содржи киселина. Се користи за подигнување и воздушна текстура на печена храна, па затоа е на прво место кога станува збор за правење колачи и колачиња.

Значи, сода се става во рецепти кои содржат поголема количина на некоја киселина, а прашокот за пециво не го бара тоа. Затоа, кога користите сода кога правите торта, имајте на ум дека треба да и додадете кисела состојка за да може да се активира, а рецептот да успее.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.