Солени полнети триаголници

Состојки
500 гр компир
1 јајце
70 гр Армониа брускети (спанаќ и сирење)
1 лажичка сушен зачин, бибер по вкус
100 гр рендан кашкавал
50 гр путер

Ова беше експеримент, ама на крајот испадна прекрасно, вкусно јадење, кое може да биде и самостојно, но и како прилог за некое друго… Вкусовите така убаво се споија, а Армониа брускетите со спанаќ и сирење совршено придонесоа вкусот да се потполни…


Компирите сварете ги во лушпа (кај мене беа поголеми) излупете ги, зачинете ги, додајте го путерот и изгмечете ги. Кога ќе се подоладат додајте го јајцето и сомелените брускети. Измесете ја смесата, ако е водлеста додајте уште од брускетите. Поделете ја на два дела.
На намрсена фолија кружно исплескајте го едниот дел, ставете го одозгора ренданиот кашкавал и исечканата сланина, а одозгора другиот дел. Со намрсени раце малку притиснете одозгора, да се соедини со полнењето. Пресечете 8 триаголници.
Пржете ги на малку масло се додека не заруменат од двете страни.
Служете со сезонска салата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.