Меѓупланетарната сонда Паркер Солар успешно го направи најблиското прелетување до Сонцето во историјата и испрати сигнал до Земјата, објави денеска Американската агенција за аеронаутика и вселенски истражувања (НАСА).На 24 декември, леталото помина на само 6,1 милиони километри од површината на Сонцето, летајќи низ надворешната атмосфера на Сонцето наречена корона, во мисија што треба да им помогне на научниците да дознаат повеќе за ѕвездата најблиску до Земјата.Патувајќи со брзина до 692.000 км/ч, леталото издржа температури до 982 Целзиусови степени, се вели во соопштението на НАСА.„По рекордно приближување до Сонцето, сондата Паркер солар на НАСА испрати сигнал до Земјата што покажува дека е во добра состојба и нормално функционира“, соопшти американската агенција.Сондата летала во автономен режим и била надвор од зоната на комуникација со Земјата, а дури на полноќ Паркер испратил сигнал за контрола кој го потврдил успехот на мисијата.Паркер Солар беше лансиран во август 2018 година како дел од седумгодишна мисија со цел понатамошно проучување на Сонцето и предвидување на временските настани во вселената кои можат да влијаат на животот на Земјата.Името го носи по Јуџин Паркер, американски соларен физичар, кој почина во 2022 година на 95-годишна возраст.
Пронајдете не на следниве мрежи: