Состојка од кујната за меки и нежни нозе по бричење

Маслиновото масло, една од омилените состојки во кујната, можеби постојано е во битка со кокосовото масло, но според модните блогерките, неговата улога во тоалетот е сè подоминантна. Верувале или не, маслиновото масло може да биде ви помогне за нешто што никогаш претходно не сте помислиле дека би било добро.
Точно е дека тоа со векови се користи во женските ритуали за убавина. Постои верување дека дури и Клеопатра редовно го употребувала. Па кога станува збор за нега на кожата и косата, поради количината на антиоксидансите, тоа е најдобриот избор за вас. Тоа исто така не ги блокира порите, не предизвикува акни и е сосема природен лек.


Но, сега сè повеќе жени почнуваат да го користат и при бричењето на нозете. Многу блогерки на своите блогови, форуми и Јутјуб канали редовно ги набројуваат предностите на ова природно масло при бричењето. Тие ветуваат дека нозете никогаш порано не им биле помазни и понежни и дека истото ќе ви се случи и вам.
Па, доколку се одлучите да проверите дали се во право, еве што треба да направите. Со една рака премачкајте ги нозете со маслото, и внимавајте онаа со којашто го држите бричот да ви е целосно сува за ваша безбедност. Потоа пројдете ги нозете со бричот како и секогаш претходно и исплакнете. Ако е сè во ред, нема да ви се појави никакво црвенило.
Веќе сте го пробале овој метод? Споделете ги вашите искуства со нас во коментарите подолу.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.