Социјалистите прогласија победа на Вујановиќ во Црна Гора

Демократската партија на социјалистите (ДПС) прогласи победа на својот кандидат Филип Вујановиќ на претседателските избори во  Црна Гора, се наведува во соопштението на партијата што го пренесуваат локалните медиуми.Според црногорските социјалисти, актуелниот претседател Филип Вујановиќ по обработените 7 отсто од избирачкиот материјал освоил 65 проценти од гласовите и создал разлика којашто му гарантира победа.Од своја страна, пак, партијата на вториот кандидат Миодраг Лекиќ – Демократскиот фронт соопшти дека соодносот на гласовите меѓу двајцата кандидати за кои се гласаше во неделата изнесува 50 на 50 проценти.Гласачките места беа затворени во 20 часот локално време (20 часот по македонско време). На црногорските претседателски избори 2013 година учествуваа само споменатите двајца кандидати.Црногорскиот претседател има мандат од пет години. На овие избори прав на глас имаа 511.405 граѓани, што претставува намалување од 2.650 избирачи во однос на парламентарните избори коишто се одржаа во октомври минатата 2012 година. Изборите беа следени од повеќе од 120 домашни странски набљудувачи.
МакфаксДемократската партија на социјалистите (ДПС) прогласи победа на својот кандидат Филип Вујановиќ на претседателските из

Пронајдете не на следниве мрежи: