Сочен колач со јаболки и ореви и неодолив крем од сирење

Потребно е:
за тестото:
300 гр брашно
190 гр кафеав шеќер
250 мл масло
4 јајца
1/2 лажиче сода бикарбона
1 лажиче цимет
2 јаболки, изрендани
100 гр ореви, сецкани
за кремот:
100 гр омекнат путер
200 гр крем сирење
50 гр кафеав шеќер
1 лажица мед


Подготовка:
– Во еден подлабок сад ставете ги брашното, содата, циметот и шеќерот.
– Додадете ги маслото, јајцата и изренданите јаболки и убаво изматете со миксер.
– На крај додадете ги оревите и измешајте.
– Смесата истурете ја во калап за торта кој претходно убаво сте го намастиле со путер.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 45 минути. Оставете да се излади печеното тесто.
– За кремот измешајте ги сите состојки да добиете хомогена смеса.
– Тестото исечете го по должина на два дела.
– Во украсна чинија ставете го едното тесто и премачкајте го со дел од кремот. Над него ставете го второто тесто и премачкајте го со остатокот од кремот.
– Во сад на рингла ставете ги јаболките исечени на кришки. Додадете малку шеќер, ванилин шеќер и сок од лимон и кратко варете ги додека малку да омекнат. Јаболките наредете ги на тортата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.