Сочна и вкусна пита со тиквички и кашкавал

Оваа пролет многу домаќинки подготвуваат лесна пита од тиквички и кашкавал. Рецептот е практичен, бидејќи не е скап, се прави брзо и не се потребни посебни кулинарски вештини.
Состојки:
400 гр брашно
3 јајца
1 шоља млеко
1 шоља јогурт
120 мл масло
кесичка прашок за пециво
1 тиквичка
100 гр кашкавал за тестото
50 гр кашкавал за посипување
сол, оригано
Подготовка:
Излупете ја тиквичката, изрендајте ја, посолете ја и оставете водата од неа да исцеди. Изрендајте го и кашкавалот.
Во посебен сад, изматете ги јајцата, а потоа постепено додавајте го брашното. Додека мешате, додадете млеко, јогурт, масло, потоа додадете зачини и прашок за пециво и продолжете со мешање.
Кога ќе добиете глатка смеса, додадете го кашкавалот и исцедените тиквички, и измешајте сè заедно.
Премачкајте плех за печење со масло и истурете ја смесата. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете 40 минути. Кога ќе ја извадите питата од рерна, посипете со кашкавал и оставете да се стопи.
Послужете ја топла со јогурт.
Пријатно!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.