Сочни свински ражничи на грил тава

Состојки
500гр. свински бут
500гр. свинска плешка
1 главица кромид
2-3 зелени пиперки
1 домат
1 мала лажичка сенф
1/2 лажичка коријандер
1/2 лажичка ким
сол, бибер, лук во прав, црвена пипер, мајчина душица, оригано, рузмарин, малку лимонов сок , прстофат канела и дрвени стапчиња за ражничи

Не дека некој не знае да приготви ражничи, ама јас конечно мислам дека ја направив добитната комбинација, во консултации и насоки со месарот од каде го купувам месото.
1. Кимот тостирајте го во загреана тава да испушти арома и заедно со коријандерот истолчете ги да испуштат што е можно повеќе вкус.
2. Ако месото не е исечено исечете го на мали коцкички, од прилика 2,5х2,5цм и ставете го во поголема вангла.
3. Насечете го кромидот на не многу тенки ленти и тој истурете го во ванглата, се зачинете и добро размешајте. Оставете барем половина час месото да се маринира, па редете на стапчињата за ражничи, со тоа што почетни и крајни парчиња ќе ви бидат парченцата кои имаат повеќе мрсно, па попосни парчиња, а меѓу нив ќе ставате парче зелена пиперка или кромид.
За жал тој ден не можев да најдам црни патлиџани и да ставам и нив. За крај ставете една кришка од месестиот дел од доматот и пржете во лесно намрсена грил тава…..Од прилика по 5мин од страна……

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.