Сојузник во слабеењето: Рецепт за здрав напиток кој помага да имате рамен стомак

Кога сакаат да живеат здраво и попатно да ги губат килограмите, многумина во својата исхрана внесуваат смути. Покрај низата предности кои со себе ги носат за здравјето, овие вкусни напитоци исто така многу лесно се подготвуваат.
Сите состојки ставете ги во блендер и за кратко време ќе уживате во здрав оброк.
Доколку вашата цел е да имате рамен стомак тогаш смутито може да биде добар сојузник на тој пат, посебно доколку е направен од состојки кои докажано помагаат во топењето на маснотии како на пример зелениот чај.
Зелениот чај е познат по тоа што се користи за забрзување на метаболизмот и губење на килограмите.


Во продолжение прочитајте го рецептот за “зачинето“ смути со зелен чај кој е прекрасен за добивање на рамен стомак во овие топли месеци, а нема да мора да пиете шолја топол чај.
Резултатот од состојките е кремасто смути кое е преполно со хранливи материи кои ќе ви помогнат во топењето на маснотии.
Состојки за “зачинето“ смути:
– зелен чај (во два децилитри вода ставете две кесички чај);
– 1/8 лажичка чили;
– 1/4 лажичка мелен цимет;
– 3 лажички мед;
– 1/2 круши, излупени и исечени на парчиња;
– 1/2 јаболкa, излупени и исечени на парчиња;
– 1/2 портокали, излупени и исечкани на парчиња;
– 6 коцки мраз.
Подготовка
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека состојките не се соединат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.