Со боровинки до поздраво срце

Фитохемикалиите што им даваат сина боја на боровинките може значително да го подобрат кардиоваскуларното здравје, покажаа резултати од нова студија.
Именуван како „тивок убиец”, бидејќи нема видливи симптоми, високиот притисок предизвикува оптеретување на кардиоваскуларниот систем што може да придонесе за болести на срцето и бубрезите и мозочен удар.
Конзумирање 100 грама боровинки два пати на ден за еден месец го намалува систолниот притисок еквивалентен на ефектот на антихипертензивните лекови, според студија објавена во The Journals of Gerontology.


Научниците забележаа позитивен ефект на пијалакот од боровинки веќе по два часа, односно подобрување на ендотелната функција на артеријата.
Ендотелот е вид мембрана во срцето и во крвните садови. Се состои од клетки што помагаат во контролата на ширењето и згрутчувањето на артериите и игра клучна улога во коагулацијата на крвта.
По еден месец пиење 200 грама сок од боровинки, истражувачите откриле дека притисокот се намалил во просек за пет милиметри на живата. Таков резултат обично се постигнува со лекови.
„Ако таквите промени во функцијата на крвните садови по конзумирање боровинки се применуваат на целиот живот на поединци, нивниот ризик од кардиоваскуларни болести ќе биде за 20 проценти помал”, вели Ана Родригез Матеос од Кралскиот колеџ во Лондон, која била шеф на студијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.