СО НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ ЌЕ УПРАВУВА ШЕФОТ НА „ЕНЕРГОАТОМ“

Шефот на украинската нуклеарна компанија „Енергоатом“, Петро Котин денеска информираше дека ќе го преземе управувањето со нуклеарната централа Запорожје, по инцидентот кога руските сили го киднапираа, па подоцна го пуштија нејзиниот директор.

Котин истакна дека ќе управува со централата, најголема во Украина и во Европа, од Киев.

Украинските работници и понатаму работат во погонот, каде последниот оперативен реактор беше исклучен минатиот месец. Во централата има и двајца експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Борбите на украинските и руските сили близу комплексот, создадоа стравови за можно протекување или инциденти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.