Со овие нијанси ќе изгледате 10 години помлади

Со вистински трикови во стилот, можете да изгледате токму онака како што посакувате
За да изгледате помладо и посвежо, изберете ја вистинската боја и резултатите ќе станат видливи веднаш. При изборот на вистинската нијанса, важно е да се обрне внимание на бојата на вашата коса.
Идеална боја за русокоси:


Русокосите во сите нијанси на сина боја изгледаат одлично. Облеката на овие нијанси ја освежува кожата, ја прави помлада и понежна, и лесно се комбинира со сите други бои.
Светло розовата е асоцијација на нежност и младост, а таква ќе биде и секоја русокоса во аутфит на овие нијанси.
Виолетовата е моќна боја со која годините ќе згаснат за секунда.


Кремавата бојадава допир на елеганција, а она што е дополнителен плус е тоа што добро се комбинира со сите други бои.
Жолтата-лимон боја носи храброст на секој аутфит.


Овие бои најдобро функционираат на бринети:
„Сенф“ бојата ќе ги подмлади бринетите. Ако имате потемен тен, изберете потемна нијанса на оваа боја.


Во светло сини нијанси, секоја жена изгледа женствено. Во корална црвена боја ќе изгледате моќно и помладо, и е одлично за секоја пригода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.