СО ПОРАКИ СЕ ДОГОВАРАЛЕ КАКО ДА ИСПРАЗНАТ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ! ЌЕ ИМА АПСЕЊЕ НА КОШАРКАРИ ВО СРБИЈА

Се подготвуваат големи апсења за десетици српски кошаркари кои наместија натпревари и на тој начин заработија огромни пари на обложувалници!

СО ПОРАКИ СЕ ДОГОВАРАЛЕ КАКО ДА ИСПРАЗНАТ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ! ЌЕ ИМА АПСЕЊЕ НА КОШАРКАРИ ВО СРБИЈА

Целата листа која пристигна од ФИБА содржи 30 имиња на осомничени играчи.

Последните информации се дека наскоро ќе почнат апсењата на играчите.

Како што се наведува, клучните докази се пораките и повиците во кои играчите меѓусебно договараат што да наместат на меѓусебните натпревари на нивните клубови.

Индивидуалните уплати се движеа од 500 до 1.000 евра во азиските обложувалници… Секако, којзнае колку десетици уплати имаше за секој договорен натпревар. Како што е објаснето, најмногу „жртви“ биле азиските обложувалници.

Не е исклучено истрагата да доведе до помагачи кои ги имале кошаркарите во целата оваа шема на измама.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.