Со спектакуларна воена парада Русија ја слави победата над фашизмот

На “Црвениот плоштад“ во Москва утрово започна воената парада во чест на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Во воената парада ќе учествуваат повеќе од 13.000 војници, 74 авиони и хеликоптери, и 132 единици на техниката.
Рускиот претседател, Владимир Путин го честиташе денот на победата, како што рече денот на нашата гордост, тага и безгранична благодарност за заштитниците на татковината кои го растуриле нацизмот.
-Тие војуваа, поминаа надчовечки искушенија и стоеја на страшното место на борбата кога требаше. Дадоа се што е потребно и ја добија таа победа, порача Путин на почетокот на традиционалната воена парада , која секоја година се одржува на “Црвениот плоштад“ во Москва.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.