На Меѓународниот аеродром во Скопје вечерва пристигнаа македонските државјани евакуирани со третиот организиран лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти лет за евакуација од погодените подрачја на Блискиот Исток. Претходно беа реализирани летови и од Шарм ел-Шеик и Ријад.
За овој лет се пријавени вкупно 147 патници, од кои 119 се македонски државјани, а 28 се странци.
Со овој лет вкупниот број евакуирани македонски државјани ќе се искачи на 605 лица.
Од Министерството нагласуваат дека безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет и дека со денешната евакуација целосно е заокружен процесот на извлекување на сите македонски државјани што изразиле интерес да се вратат во земјата.
Додаваат дека дежурниот СОС-телефон, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, остануваат достапни за поддршка на македонските граѓани.


