Со храна до подобро расположение

Во книгата „Исхрана за жени“, авторот Дејвид Зинченко вели дека еден од трикови за борба против лошо расположение е со користење на храна.
Еве неколку совети за зголемување на расположението.
Што треба да изберете како храна кога се чувствувате нерасположени?!
Кога ќе се почувствувате нерасположено наместо веднаш да посегнете по чоколадо, земете храна со ниска калорична вредност, а со високо ниво на јаглехидрати: пченични зрна, колачиња со додаток на боровинки, сушено или свежо овошје.
Причината е што храната со високо ниво на јаглехидрати доколку не е помешана со протеини илки маснотии, амино асид триптофан може директно да навлезе во мозокот и да го зголеми сератонинот – хормонот на среќата.
Еве неколку хранливи состојки за подобро расположение:
Пуканки, обичен овес со малку мед и млеко, сок од агава, банана или пак тесто со банана.
Храна за кога се чувствувате депресивно
Депресијата може да се олесни со омега 3 киселините кои се наоѓаат во масните риби како што се: лосос, харинга и туна. Според Зинченко слободно можете да се потпрете на лососот, ракчињата, сом, и синиот рак.
Храна за да ја победите депресијата:
Сите јадења со туна – богата со Омега 3 киселини. Печен лосос како и други рецети богати со здрави – незаситени масти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.