Спас за ненајавени гости: Брза пита за која сите ќе ви бараат рецепт

Со мешање на неколку состојки и додавање на омилените намирници – вкусна пита за цело семејство или за пријателите.
Колку пати ви се случило во последен момент да ви се поканат гости, а вие да немате ништо посебно со што може да ги послужите?
Без грижа, доволно е да имате неколку основни состојки, а другото може да претрпи импровизација.
Од оваа вкусна пита ќе излижете прсти и ќе сакате уште, а се подготвува многу брзо и лесно.
Потребни состојки:
2 јајца
1 црвена пиперка
200 ml млеко
200g кашкавал или сирење (по желба)
1 мало луто пиперче (по желба)
Магдонос
1 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво
800 g брашно (да се истура постепено, зависно колку брзо ќе се згусне смесата)
100 ml масло
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата, а потоа додадете го млекото и измешајте. Додадете ги исечканите пиперки, магдоносот, солта, прашокот во печиво, кашкавалот и соединете ја смесата. На крај постепено додавајте го брашното и мешајте. Ако забележите дека смесата доволно се згуснува, не мора да го истурите цело брашно.
Кога смесата ќе згусне почнете да ја месите со раце врз брашно на работната маса. Поделете го тестото на 2 дела, измазнете ги со сукало, исечете ги двата дела на 8 парчиња и запржете ги од двете страни на малку масло.
Мезето е готово! Може да послужите со павлака, кечаш или сос по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.