четврток, 12 ноември 2026
Најново

Србија: Македонец уапсен откако му биле пронајдени 619 кутии цигари без документација

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Полицијата во Врање го уапси Т. Ј. (37) од Северна Македонија, кај кого на граничниот премин Прешево по влегувањето во Србија биле пронајдени 619 кутии цигари без српски акцизни маркички, доказ за потекло и придружна документација.
 
Полициските службеници запреле комбе управувано од осомничениот на граничниот премин Прешево и во специјално изграден бункер пронашле кутии цигари за кои се сомневало дека се наменети за понатамошна продажба, со што го оштетиле буџетот на Србија за околу 150.000 динари.
Осомничениот е уапсен поради основано сомнение дека сторил кривично дело недозволена трговија со акцизни производи.
Министерството за внатрешни работи (МВР) во соопштението наведува дека акцијата за апсење ја спровеле припадници на МВР, УКП, Службата за сузбивање на криминалот и Одделот за сузбивање на економски криминал, во координација со Полициската управа Врање, а по наредба на Основното јавно обвинителство во Врање. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде приведен во Основното јавно обвинителство во Врање, со кривична пријава.

Поврзани вести