Средба на Спасовски со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ, Килијан Вал






[

– Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа работна средба меѓу ресорниот министер Оливер Спасовски и новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал.

Како што сопштуваат од МВР, Спасовски му упатил честитки на амбасадорот Вал за именувањето на новата функција во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, посакувајќи му успех и заеднички реализирани проекти за време на неговиот мандат. Притоа го потенцирал високото ниво на партнерство и соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, чијашто реализација се одвива во рамки на три воспоставени стратешки работни текови на професионализација, демократско полициско работење и транснационални закани.

За време на средбата, како што посочуваат од МВР, соговорниците разговарале и за постигнатите резултати изминатиов период пред се потенцирајќи го фактот на зголемена доверба на граѓаните во полицијата и транспарентноста на Министерството.

Од страна на амбасадорот Вал било дадено уверување и заложба и во иднина заеднички да продолжат активностите во насока на градење позитивна перцепција на јавноста кон полицијата.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: