Средба Османи – Кулеба

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, на маргини на неформалниот НАТО Министерски состанок во Берлин.

Во фокусот на разговорите беа европските перспективи на двете држави, особено од аспект на импликациите на војната во Украина  за безбедноста и стабилноста на европскиот континент и пошироко.

,,Европа и светот се соочени со исклучителни надворешно-политички и безбедносни предизвици од геополитички аспект и наједноставниот пат за демонстрирање на стратешкото лидерство на Европската унија и нејзиниот кредибилитет е преку ефектуирање на одлуката за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија”, заклучи Османи.

На средбата стана збор и околу актуелните состојби во Украина, при што министерот Османи и во оваа прилика најостро ја осуди воената инвазија на Русија врз Украина, особено бруталните убиства на цивили, нагласувајќи дека Северна Македонија, како  членка на НАТО Алијансата и кредибилен кандидат за членство во ЕУ има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.