четврток, 12 ноември 2026
Најново

ССМ на 14 март повторно на протест

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Новиот протест што го најавуваше Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на работничките плати ќе се одржи на 14 март.
Од ССМ велат дека не се откажуваат од барањето за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра.
– Минималните примања се повеќе во јанвиот сектор отколку во привантиот сектор така што и на протестот на 28 јануари имаше многу голема излезност на работниците во јавниот сектор и така ќе биде и сега, вели Трпе Деановски, претседател на Синдикатот на УПОЗ во изјава за телевизија 24.
     ССМ го најави овој протест уште додека траеја блокадите на институциите, но им остави простор на Владата и работодавачите да се договорат за зголемување на платите.
Откако во понеделникот на Економско-социјалниот совет беше информирано дека минималната плата ќе се зголеми само за 1.600 денари според мартовското усогласување, претставниците на ССМ ја напуштија седницата и најавија дека продолжуваат со нивните барања на улица.
Пресметките на ССМ покажуваат дека вредноста на минималната потрошувачка кошничка само во првите два месеца од годинава е зголемена за речиси 2.000 денари што значи дека усогласувањето на минималната плата што работниците ќе го земат во април месец е веќе однапред потрошено.

Поврзани вести