Стартува Ф8 турнирот, МЗТ ја брани титулата

Осум екипи, во четврток, ќе ја започнат борбата за трофејот во кошаркарскиот Куп на Македонија.Завршниот турнир во 21-то издание на кошаркарскиот Куп ќе се играат во арената „Борис Трајковски“, а титулата освоена мината година ќе ја брани екипата на МЗТ Скопје Аеродорм.Бранителот на трофејот оваа година е најголемиот фаворит за освојување на титулата, иако сите учесници на извлекувањето на двојките се согласија дека Купот е специфично натпреварување во кое често се случуваат изненадувања.МЗТ одбраната на титулата ќе ја започне против Струмица, овој натпревар од 18 часот ќе го отвори „Фајнал Ејт“ турнирот, во вториот натпревар од 20:45 на паркетот ќе истрчаат екипите на Работнички и Фени индустри.Во петок, ќе се одиграат преостанатите два четвртфинални натпревара, Вардар-Кожув (18:00 часот) и Лирија-Куманово (20:45 часот).Полуфиналните натпревари на програмата ќе бидат в сабота, од победниците во натпреварите кои ќе се одиграат во четврток ќе играат од 18 часот, додека победниците од петочните натпревари ќе играат од 20:45 часот.Големото финале по кое ќе биде познат освојувачот на титулата ќе се одигра в недела со почеток во 19 часот.
МакфаксОсум екипи, во четврток, ќе ја започнат борбата за трофејот во кошаркарскиот Куп на Македонија.Завршниот т

Пронајдете не на следниве мрежи: