сабота, 14 ноември 2026
Најново

Стејт департментот издаде итно предупредување: Американците ширум светот се во опасност

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот Стејт департмент денеска издаде соопштение во кое им препорачува на граѓаните на Соединетите Американски Држави ширум светот да „покажат зголемена претпазливост“ поради американските и израелските воени удари врз Иран.

„По започнувањето на американските борбени операции во Иран, Американците ширум светот, а особено на Блискиот Исток, треба да ги следат упатствата од најновите безбедносни предупредувања издадени од најблиската американска амбасада или конзулат“, се наведува во предупредувањето објавено на интернет-страницата на Стејт департментот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Се додава дека е можно да дојде до нарушувања во патувањата поради периодично затворање на воздушниот простор на некои земји.

САД и Израел рано утрово извршија напади врз Иран во, како што е соопштено, „превентивни напади“, по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма. Потоа Иран изврши масовни удари како одмазда врз Израел, како и врз цели поврзани со САД во регионот на Блискиот Исток.

Поврзани вести